Акција за чистење на чаршијата од страна на ЈП „Охридски Комуналец“

Почнувајќи од денеска, па во наредните три дена, екипите на „Јавна хигиена“ спроведуваат акција за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“ до плоштадот „Крушевска Република“ кај Чинарот.

„Самиот процес на чистење се врши во раните утрински часови, кога по чаршијата нема многу посетители, а отстранувањето на гумите за џвакање го вршат 5 комунални работници со специјални шпакли.

Спроведената акција ќе вроди поголем успех доколку се разбуди свеста, посебно кај младата популација, за повисоко ниво на јавна хигиена. Мастиките за џвакање не треба да се расфрлаат, туку уредно да се депонираат во корпите за ситен отпад.

Со намалување на бројот на туристи, започнавме со акции за миење на чаршијата во ноќните часови.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.