На првиот училишен ден, денеска Секторот за комунален развој,сообраќај и улици , го пушти во функција новиот семафорски систем пред ОУ „ Христо Узунов“ , а деновиве беше извршено корегирање на хоризонталната и вертикалната сигнализација во близина на сите основни училишта на територијата на општина Охрид.
Поставени се забавувачи на брзина на ул. „ Питу Гули“ пред ОУ „ Христо Узунов“ , на пресекот на булевар „ Туристичка“ со ул. „ Даме Груев“ ,пред ОУ „ Григор Прличев“ , на ул. „ Стив Наумов“ пред ОУ „Братство-Единство“ во населба Лескајца и на ул. „7-ми Ноември“ пред ОУ „Братство –Единство“ кај „Крст- џамија“ .Постаувањето на ваквите забавувачи на брзина има за цел да ја зголеми безбедноста и заштитата на пешаците во сообраќајот..
Новиот семафорски систем кај ОУ „ Христо Узунов“ на ул. „ Питу Гули“ е формиран со поврзан систем на прекинувачи кои се наоѓаат на столбот на секој пешачки семафор на крстосницатаицата.Кога не се движат пешаците на пешачките премини е уклучено жолто трепкаво светло , што значи дека возачите учесници во сообраќајот можат да ја преминат крстосницата, но со зголемена внимателност.
При доаѓање на пешакот до пешачкиот премин , со притискање на прекинувачот се вклучува црвено пешачко трепкаво светло додека кај возачите на сите четири патни насоки на крстосницата се вклучува црвено светло.Трепкањето на црвеното светло на пешачкиот семафор е во траење од 5 секунди , и тоа постои во системот на сообраќај од причина што возачите кои веќе навлегле во раскрсницата да имаат време благовремно да ја напуштат. По изминатите 5 секунди на црвеното пешачко трепкаво светло се вклучува зелено пешачко светло во времетраење од 10 секунди. По овие 10 секунди се вклучува црвено пешачко светло за пешаците , додека пак кај возачите се вклучува жолто трепкаво светло во времетраење од 60 секунди.
По изминатите 60 секунди се повторува циклусот.