Во текот на неделата, во попладневните часови времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а овие процеси ќе продолжат и во ноќните часови. Локално ќе има и услови за појава на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, изолирана појава на град, а се очекува да наврнат и поголеми количини на воден талог (над 30л/м2).
Во текот денешниот ден ќе се задржи облачно, свежо и врнежливо време, со ретки грмежи и умерен југоисточен ветер, а на места повторно ќе наврнат над 30л/м2 воден талог. Температурата ќе се движи од 20 до 25 степени.
Променливо облачно со повремени врнежи со променлив интензитет и со локални грмежи ќе се задржи до крајот на неделата.
Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Извор: Нет Прес