Ученици од ОУ „Христо Узунов“ ја претставија општина Охрид на традиционалните спортски игри во Велес

Учениците од ОУ „Христо Узунов“, денес во Велес ја претставуваа општина Охрид на манифестацијата „Спортски Бон Тон“ ( Традиционални спортски игри).

Проектот е концепт кој ќе се одвива во повеке општини низ цела територија на Република Македонија, а се со цел на социјализација и етичка инклузија на младите преку спортот како средство за социјализација на лугето и можност за одржување на мултиетничоста и мултифункционалноста на нашата држава.

„Целта е да се промовира Спортски Бон Тон како модел на интегрирање на децата од школска возраст во системот на спортување, дружење, играње и нивно меѓусебно запознавање со нивните традиции, култури и обичаи. Главна порака од овој проект е враќање на вистинските вредности на детството, социјализацијата на младите преку разни традиционални спортски игри кои во новото време се подзаборавени“ вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.

Инаку на манифестацијата беа присутни и Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, Абасадорот на Соединетите Американски Држави Пол Волерс, Градоначалникот на градот Велес, Славцо Чадиев и други еминентни лица.