Уништувањето на јавните добра, урбаната опрема и јавното зеленило стана сè позачестена појава која со децении се провлекува и претставува проблем во тековното работење на Ј.П. „Охридски Комуналец“.
„Од новиот дрворед со лигуструми на улицата „Партизанска“, кој оваа година се реконструира во месец јуни, насилно е искршено едно стебло, кое иако обезбедено со железна заштитна ограда, станало мета на вандали. Се прашуваме на кого му смета новиот дрворед и која е ползата од искршеното стебло!?“ – истакнуваат од ЈП „Охридски Комуналец“.
Мета на девијантно однесување се и искршените рефлектори во градскиот парк (пред рибниот ресторан и вдолж градскиот кеј). Ваквата слика не му доликува на Охрид како туристички центар.
„За надминување на овој проблем треба да се посвети многу поголемо внимание во воспитно-образовниот систем, како и домашното воспитување на младата популација и секако казнување со високи парични казни.“ – додаваат од претпријатието.