Се расчистува речното корито на реката Сушица

Заради предвидените активности на локалната самоурава за санирање на речното корито на река Сушица вдолж ул.„Радојца Новичиќ“ со кои речното корито ќе се ѕида и продлабочи, ЈП „Охридски Комуналец“ веќе две недели спроведува акција за претходно расчистување на теренот.

„Со ангажирање на специјална комбинирана машина, речното корито се продлабочува, а натрупаниот отпад (пластичен отпад, чакал, наноси од земја и гранки) се транспортира. Екипите на „Паркови и зеленило“ рачно го расчистуваат теренот околу речното корито со отстранување на бујната вегетација, трње и гранки“, информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

Оттаму додаваат дека активностите кои се реализираат по налог на општинскиот инспекторат, планирано е да завршат на целиот потег до средина на месец септември.