Неуморно продолжуваат градежните активности во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Неуморно продолжуваат градежните активности во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, со цел учениците да имаат подобро катче, поудобен престој и поквалитетна настава.

„Секоја година во училиштето се работи на нови проекти за подобро училиште. Всушност, во овој период се доградува, односно се продолжува кровот на училишниот главен влез, поради штетите кои се нанесуваат од неповолните временски услови.“- информираат од училиштето.

Во текот на овој месец планирана е изградба на нови кабинети по останатите предмети како што се биологија, хемија, географија и историја.

Имено, ова е дел од проектот кој започна со изградба на неколку кабинети уште на почетокот од учебната 2015/16 година.

 „Во училиштето, учениците секогаш се и ќе бидат во прв план.“– додаваат од ОУ „Живко Чинго“.

This slideshow requires JavaScript.