Во пресрет на зимата, утре( понеделник), охридската компанија „Милкус “ во 10 :30 часот во своите простории, ќе донира дванаесет огревни тела на социјално загрозените семејства и образовните институции во градот Охрид.
Од нив две печки на пелети ќе бидат донирани за објектите од детската градинка „Јасна Ристеска“. Од 10-те шпорети на дрва пет ќе бидат доделени на охридскиот Центар за социјални грижи, кој истите ќе ги даде на пет социјално загрозени семејства од Охрид, а останатите пет шпорети на дрва ќе бидат за охридските училишта.