Света литургија во Пештани по повод 170 години од изградбата на цркавта „Свети врачи Козма и Дамјан“

По повод 170 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата „Свети врачи Козма и Дамјан од село Пештани, денеска се служеше света архиерејска литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По завршувањето на литургијата беше промовирана монографијата по повод 170 годишниот Јубилеј од изградбата на црквата „Свети врачи Козма и Дамјан“ од село Пештани од д-р Сашо Цветковски. Промотор на моногрфијата беше академик Цветан Грозданов.

Исто така беше промовирана и монографијата „Пештани“ од д-р Димитар Смилески.

Промотор на монографијата беше професор д-р Павле Митрески.

А.Андриоски/ Фото: Александар Гугоски