Зголемен индексот на цените во угостителството

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во август 2014 година, во споредба со јули 2014 година, е зголемен за 0.1%. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.4%.

Индексот на цените на угостителските услуги во август 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е намален за 1.2%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- август 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0.7%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0.3%.