Невладината Kоалиција на Египќаните со честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија. Во неа стои:
„Во сите овие 23 години на независност, преставниците на етничката автохтона заедница воР.Македонија,демонстрираа, највисок степен налојалност, конструктивност и придоноес кон создавање на суверена, самостојна, независна и демократска држава Р.Македонија. Несомнено, Р.Македонија, помина трновит пат, кон реализирање на една голема идеја,создавањена сопствена држава, се соочуваше со многу премрежја и предизвици, многу препреки и проблеми. Но граѓаните , без разлика на нивната национална, верска,политичка или билокоја припадност , покажаа дека обединети, сложно и со заедничка волја може да се постигне многу повеќе, тие покажаа дека заедничката иднина и просперитетот е поважен од поделбите и несогласувањата, се надминуваа себе си,во интерес на општото добро, Затоа и мотото на Египќаните во Р.Македонија е ике остане „МАКЕДОНИЈА НАШ ЗАЕДНИЧКИ И ЕДИНСТВЕН ДОМ“.
Затоа, нека овој ден не обединува и потсетува на потребата заедно сите да се вложиме во процесот на изградбата и напредокот на нашата татковина, нека овој ден не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале и нека овој ден вечно ги потхранува визијата и стремежот за подобра Македонија.
Нека е честит и вековит 8 Септември! Нека е вековита Република Македонија! “– стои во честитката на НВО Коалиција на Египќаните.