Второодделенците од ОУ „Христо Узунов“ учеа за убавините и културното наследство на нашиот крај

Според програмата по општество за второ одделение учениците се запознаа со значењето и убавините на својот роден град. Секој вели: „Колку повеќе знаеш за својот крај, толку повеќе го сакаш.“ За таа цел учениците од ОУ „Христо Узунов“ со радост и возбуда што повеќе да научат, отидоа на набљудување во стариот дел на Охрид.  Својата прошетка ја започнаа  влегувајќи низ Горна порта.

„Убава беше глетката пред црквата Св. Богородица Перивлепта. Дознаа за Античкиот театар изграден во минатото и за неговата улога денес. Во просторот на Самуиловите тврдини учениците дознаа за Самуиловото царство и легендите поврзани со него. Во месноста Плаошник се запознаа со Климентовата црква Св. Климент и Пантелејмон, мозаикот на ранохристијанската базилика и крстилницата. Се редеа приказните за минатото – за катдралата Св. Софија, за спомен куќите на Григор Прличев и Христо Узунов , за музеите – куќата на Робевци и Уранија.“- информираат од ОУ „Христо Узунов“.

Со многу знаење и убави впечатоци учениците прошетката ја завршија кај излезот на стариот дел на градот – некогашната Долна порта.