Во август и јули во Охрид УЈП казнила 20 фирми

Од Управата за јавни приходи информираат дека во рамките на редовните активности во месеците јули и август 2014 година на целата територија на Охрид се извршени повеќе од 100 контроли по однос на примената на Законот за готовинско плаќање, јавува Охридњуз.

„Кај 20 даночни обврзници утврдени се направилности во работењето, односно нередовно издавање на фискални сметки“, потенцираат од УЈП.

На истите им биле изречени глоби и дадени решенија за времена забрана за вршење на дејност во деловните објекти во траење од 15 дена.

Извор: Нет Прес