Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на сите граѓани на Република Македонија им го честита 8-ми Септември, Денот на државноста.
„Копнежот за слобода, економски просперитет и демократски напредок на државата бил вековна борба на македонскиот народ. Тој предизвик и денес е исправен пред граѓаните на Македонија.
Oвој историски датум, 8-ми септември, кога граѓаните го кажа судбоносното и референдумско “ДА“ за остварување на вековниот сон, Независна Република Македонија е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата во духот на слободата и демократските вредности.
СДСМ како државотворна партија и понатаму ќе се заложува преку заедништво и искрени заложби за демократска држава, Македонија да ја направиме економски стабилна земја, со еднакви можности за сите граѓани и евро-атлантска иднина.“-стои во честитката.