Честитка од претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод празникот Свети Сава

Денеска, претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев по повод празникот Свети Сава упати честитка до сите граѓани на Република Македонија, припадници на српската заедница.

Во честитката се вели:

„Од мое лично име и од името на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, на сите припадници на српската заедница во Република Македонија Ви упатувам најискрени честитки за големиот православен празник Свети Сава со желби за добро здравје, спокој, мир и благосостојба.

Заедничкиот соживот нека биде поттик за создавање општество кое ќе обединува. Негувањето на меѓусебните односи нека ни биде заедничка стратешка цел и определба која ќе остане вредно наследство за идните поколенија.

Нашата цел е градење општество во коешто ќе се почитуваат традиционалните вредности и културните особености на сите заедници во Република Македонија.

Уште еднаш ги повторувам моите искрени желби за меѓусебно почитување, мир и благосостојба на сите граѓани на Република Македонија“ стои во честитката од претседателот Заев.