Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески утре (10 септември- среда) ќе присуствува на заеднички настан кој се однесува на две меѓународни конференции. Затворање на конференцијата “ADBIS 2014“ и отворањето на конференцијата ICT innovation 2014.
Meѓународната конференција ADBIS има за цел да обезбеди форум на кој што истражувачите и практичарите од областа на бази на податоци и информациски системи може да дискутираат , да разменат идеи и да ги споделат своите достигнувања и визии.
Конференцијата ICT inovation 2014 има мисија да го поддржи развојот на информатичките и комуникациски технологии во Македонија, на Балканот и пошироко , особено во областа на образованието, истражувњето и примената на иновативни технологии.
На конференциите се очекува присуство и на Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов.