Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Македонија

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) Градоначалникот на општина Oхрид објавува

КОНКУРС
за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на државните универзитети во Република Македонија за академската 2014/2015 година

Општина Охрид ќе додели 30 (триесет) стипендии за редовни студенти од II, III, IV, V и VI година од општина Охрид кои студираат на државните универзитети во Р. Македонија, за академската 2014/2015 година

Услови за доделување стипендии

Право на стипендија имаат кандидатите кои студираат на државните универзитети во Република Македонија, а ги исполнуваат следниве услови:

да се редовни студенти,
да оствариле просечен успех во текот на студирањето од минимум 8.00 (осум)
да не се корисници на стипендија или кредит од други институции или фирми.
Начин на пријавување

Кандидатите кои се пријавуваат по конкурсот, треба да го пополнат потребниот образец за пријава поставен на интернет страната www.ohrid.gov.mk.
Со Пријавата потребно е да ги достават следните документи:

копија од лична карта
копија од уверение за државјанство
потврда за редовно запишан зимски семестар за студиската 2014-2015 година;
уверение со број на предвидени и положени испити во претходните години;
фотокопии од дипломи од освоени награди на натпревари од областа на науката, техниката, културата и уметноста;
потврда за висината на примањата на членовите на семејството на студентот и тоа: ако се вработени, потврда за висината на платите на членовите на семејството на ученикот; за членовите пензионери на семејството на ученикот-испратница од пензија за последниот месец (оригинал) а за невработените членови на семејството на ученикот – потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени или примаат паричен надоместок; (оригинал)
изјава потпишана од кандидатот дека доставените документи се вистинити и дека истиот не е корисник на друга стипендија или кредит од друга институција или фирма, (изјавата е објавена на интернет страната www.ohrid.gov.mk),
Висината на стипендијата

Висината на стипендијата ќе изнесува 2 000,00 денари месечно за девет месеци во текот на учебната 2014/2015 година.

Рок на пријавување

Потребните документи кандидатите треба да ги достават најкасно 15 дена од денот на објавувањето на Конкурсот на адреса: Општина Охрид ул.,, Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид, во затворен коверт со назнака „За Комисијата за спроведување на Конкурсот за доделување студентски стипендии“.

Документите на кандидатите кои се некомплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.