Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во август 2014, во однос на претходниот месец изнесува 99.5, а индексот на цените на мало 99.7.
Намалувањето на индексот на трошоците на животот од 0.5% во август 2014 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на пониските индекси на сувото овошје за 3.1%, свежиот зеленчук за 2.9%, тестенините за 1.1%, конзервираните месни производи за 0.5%, лебот и житариците за 0.3% и преработките од млеко за 0.2%.
Во август, исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај централното греење за 10.9%, цврстите горива за 7.0%, гасот за домаќинствата за 2.9%, течните горива и мазива за 2.8%, услугите за сместување за 2.5%, лековите за 1.9%, обувките и апаратите за домаќинствата за 1.1%, облеката за 0.7%, средствата за чистење и одржување на станот за 0.6%, услугите за лична хигиена и средсвата за лична хигиена за 0.4%, мебелот за 0.3% и информатичката опрема за 0.2%.
Пораст на индексот на трошоците на животот во август 2014 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото овошје за 2.5%, конзервираната риба за 1.4%, свежото млеко и мастите за 0.8%, рибата за 0.4%, сувомеснатите производи , конзервираниот зеленчук и шеќер, џем, мед, чоколади и кондиторски производи за 0.3%, трајните колбасичарски производи, конзервираното овошје и алкохолните пијалаци за 0.2%.
Исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај авионски превоз на патници за 23.1%, телефоните и факс апаратите за 4.5%, туристичките-пакет аранжмани за 2.5%, услугите за култура и рекреација за 1.0%, здравствените услуги за 0.7% и телефонските и телеграфските услуги за 0.5%.
Индексот на трошоците на животот во август 2014 година, во споредба со август 2013 година, бележи намалување
од 0.5%, а индексот на цените на мало бележи намалување од 0.8%.