Конференција посветена на 100 годишнината на Првата Светска Војна

Гледано од денешна перспектива, историјата на Првата Светска Војна ни кажува колку е важна вистинската соработката меѓу народите, кои поминале низ разни тирании и тешки периоди на заробеништво, истакна министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, на научната конференција посветена на 100 годишнината на Првата Светска Војна, организирана од страна на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Во текот и по Првата Светска Војна, потенцираше министерот Адеми, судбината на Албанскиот и Македонскиот народ била слична, народот бил прегазен од страна на големите држави кои што своите експанзионистички цели ги реализирале со притискање на најмалите народи.

„Историјата не учи, верувам дека и оваа конференција ќе го констатира истото, дека народите на оваа поднебје живееле во хармонија меѓу себе, го делеле доброто и лошото заедно. Но, тоа што ги карактеризира разните периоди во историја е дека нивните водачи се тие што инсталирале раздор меѓу народите“, рече министерот Адеми, напоменувајќи дека денешните водачи не треба да дозволуваат да се повторуваат негативните примери во историјата.

Министерството за Образование и Наука на Република Македонија, додаде министерот, ги охрабрува овие активности и научни истражувања на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Скопје.

„Посебно не радува фактот на плодната соработка на овој албански институт со институтот на Националната Историја на Република Македонија. Овие две институции, кажуваат како треба да се работи, посебно на духот на соработката меѓу двата народа и во духот на Охридскиот Рамковен Договор“, рече во своето обраќање пред присутните министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми.