Мета на несовесни граѓани во изминатите неколку денови беа и сообраќајните знаци во централното градско подрачје. Ваквите вандалски чинови се забележани и врз другите јавни добра на територија на општина Охрид. Локалната самоуправа, апелира до граѓаните за поголема грижа и заштита на јавните добра и ги замолува доколку забележат било каков случај на уништување, веднаш да го пријават до надлежните инспекциски служби и полицијата.