Утре во Охрид ќе се одржи спортски „БОН-ТОН“

Втората спортско – културна манифестација од проектот „БОН-ТОН“ ќе се одржи утре во Охрид. Со почеток во 12 часот на Кејот Македонија децата од школска возраст ќе ги започнат традиционалните спортски игри во сите форми, а нив ќе ги посетат претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов, Амбасадорот на САД во Македонија и претставници на општина Охрид. Спортскиот „БОН-ТОН“ е концепт на проект кој ќе се одвива во шест општини од Република Македонија – Карпош, Велес, Ново Село, Охрид, Свети Николе и Тетово. Неговата цел е социјална и етничка инклузија на младите преку спортот како средство за социјализација на луѓето и можност за одржување на мултиетичноста и мултиконфесиналноста на нашата држава.

Проектот спортски „БОН-ТОН“ се реализира од страна на геостратешкиот институт „Глобал“, а е под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов и е со финансиска поддршка на Амбасадата на САД во Р. Македонија.