Македонската пливачка Анастасија Богданоски се стекнува со стипендија од меѓународна категорија од АМС

Mакедонската пливачка Анастасија Богдановски со последниот успех остварен на Гран При Шарлот во Соединетите Американски Држави, кој претставува квалификационен натпревар за Светското првенство во Казан,Русија 2015 се стекна со стипендија од меѓународна категорија од Агенцијата за млади и спорт. Со остварено време од 0.56.61 на 100 метри слободно, кој воедно претставува и апсолутен рекорд на Македонија, таа во наредните две години ќе прима стипендија од Агенцијата за млади и спорт во вредност од 1,3 просечни плати секој месец.

Инаку македонската пливачка Анастасија Богдановски е членка на пливачкиот клуб Вардар од Скопје и тренира под раководство на тренерот Боро Блажевски.

Нејзина наредна цел е пласман на Олимписките игри. Иако на пливачите им следува вајлд-карта, таа сака да оствари норма за Рио 2016.

Последниот број на едно од најчитаните пливачки он-лајн списанија СВИМСВАМ во САД ја претстави Анастасија како едно од водечките имиња во пливањето која допрва се очекува да руши рекорди во пливањето.

 

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески и честита за остварениот успех и очекува во наредниот период младата Анастасија со одличните резултати да стане една од водечките пливачки имиња во светот.