Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во јули 2014 година изнесува 1 072 337 илјади денари што претставува зголемување за 7.4% во споредба со јули 2013 година.
Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 8.6%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 6.4%.
Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, додека намалување се забележува кај индустриските, градинарските и фуражните растенија, грозјето и добитокот.