Бруто-домашен производ, тримесечни податоци

Кварталните податоци за бруто-домашниот производ во ова соопштение се подготвени според методологијата Европски систем на сметки (ЕСА 2010), а како резултат на спроведената ревизија на годишните податоци според оваа методологија. Податоците по сектори и агрегацијата на податоците по сектори на економска активност се презентирани според Класификацијата НКД Рев.2. Серијата на податоци по постојани цени е прикажана со референтна 2005 година.

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за второто тримесечје од 2014 година изнесува 4.3 %.

Во второто тримесечје од 2014 е забележан пораст во повеќето сектори. Најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 5.0% и И – Финансиски дејности и дејности на осигурување од 4.1%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје од 2014 година, номинално расте за 2.5%, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 73.7%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 14.2%, а увозот на стоки и на услуги забележа зголемување во номинален износ од 10.7%.