Осветена новоизградената црква „Св.Илија“ во Глобочица

Со свечен чин, денеска беше осветена новоизградената црква „Св.Илија“ во Глобочица.

Осветувањето беше извршено од  страна на Владиката Тимотеј, а во текот на денешниот ден имаше богата културно-уметничка програма за сите пријатели и поддржувачи на иницијативата за возобнување на црквата која датира од 15 век.

Осветувањето на црквата „Св.Илија“ се случи на 50-годишнината од иселувањето од селото Глобочица, кога заради потребите на градењето на хидроцентралата „Глобочица“(1964 година), населението морало да го напушти својот роден крај. Но, спомените не бледнеат. Поранешните жители на ова село, на 20-ина километри од Струга, на патот за Дебар, заедно со своите нови поколенија, млади генерации, одлучуваат да ја возбноват некогашната црква, но и селото кое сега добива нов лик и се вишнее со новоизградените куќарки на ридот над езерото.

10678657_912063942140549_8769395303301466216_n

Сите гости-намерници денес, на денот на осветувањето на црквата, до самото место на свечениот чин, беа пренесувани со сплав од страна на жителите на некогашна Глобочица. За одбележувањето на овој настан, организаторите се потрудија да подготват интересна и богата програма, која освен гостувањето на играорна група од Вевчани и настап на неколку музички групи, организира и неколку изненадувања.

10690032_912064022140541_6459866211293764977_n

А. Андриоски/Фото: Никола Милески