Спречен обид за криумчарење на 78 илјади хулахопки

На 08.09. 2014 година полициски службеници на Регионалниот центар за гранични работи “Запад“, кај село Таранеш, дебарското во непосредна близина на државната граница со Р. Албанија ги затекнале лицата З.Б.(51) и Л.Б.(15) двајцата од Дебар со патничко моторно возило и коњ натоварен со вреќи.

На местото на настанот се пронајдени се 43 вреќи во кои биле 78.600 женски чорапи-хулахопки, кои што требало да бидат илегално пренесени во Р. Албанија.

Стоката е привремено одземена, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена кривична пријава за кријумчарње на стока.