Пронајдена дрога кај охриѓанец

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Р.(20) од Охрид за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“. На 15.01.2014 година, во Охрид на ул. „Железничка“ од страна на полициски службеници е забележан пријавениот во друштво на две лица на возраст од 27 и 29 години, по што на ул. „7-ми Ноември“ двајцата се сопрени и над нив е извршен преглед при кои кај 29 годишното лице е пронајдена хартиена паковка со 0,45 грама марихуана која ја купил од пријавениот.