Реализиран проект на Извиднички одред „Пионер“ Охрид

Извидниците од извидничкиот одред „ПИОНЕР” од Охрид го искористија летниот распуст за да го реализираат претходно подготвениот проект т.н. „Happy birds” односно „Среќни птици”, во кој што тие изработија 50 куќички за птици, направени од природен материјал и истите ги поставија ширум на потегот од село Скребатно па се до село Љубаништа вдолж Националниот Парк Галичица, непосредно покрај населените и излетничките места.

„Со ова симболично и практично дадоа поддршка на опстанокот на големиот број на разновидни видови на птици кои егзистираат во тие предели. При тоа проектот не застанува тука, впрочем извидниците и во текот на ладните денови и зимата ќе вршат обиколка на поставените куќички кога што ќе се погрижат и околу прихраната на птиците.

Не треба да се заборави да се спомене дека во подршка на проектот излегоа Сојузот на извидници на Македонија и фондацијата “Messenger of peace” со својата несебичност и разбирање.“– велат од  Извидничкиот одред Пионер.