Екипите на „Паркови и зеленило“ деновиве интензивно го уредуваат паркот лоциран пред мостот кај каналот „Билјанини Извори“.
„На локацијата од отстранетитe киосци ќе се засадува трева, а во најскоро време на целиот простор треба да се постави систем за наводнување. Уредени се крошните од дрвјата и отстранети суви гранки. Расчистена е и областа „Мазија„ која се наоѓа во близина на обновеното живеалиште на жолтиот локвањ.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.