Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2012 година, во креирањето на бруто-додадената вредност во земјоделството во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 33.3%, потоа Пелагонискиот со 20.8% итн., додека најмало учество има Североисточниот регион со 3.7%.
Во создавањето на вредноста на растителното производство во Република Македонија, најголемо учество има Југоисточниот регион со 38.2%, додека во создавањето на вредноста на добиточното производство, најголемо учество има Пелагонискиот регион со 21.3%.