„Еден од важните приоритети за македонската полиција е нашата целосна посветеност кон продлабочувањето на меѓународната полициска соработка“, истакна, меѓу другото, директорот на Бирото за јавна безбедност м-р Митко Чавков при неговата посета на седиштетот на Интерпол во Лион, Франција каде што оствари работна средба со генералниот секретар на оваа меѓународна полициска асоцијација Роналд К Нобл.
На средба, која што всушност претставува континуитет на извонредна меѓусебна соработка на МВР со Интерпол, директорот Чавков и г-динот Нобл, меѓу другото разговараа за најновите и надградени глобални алатки и услуги достапни до институциите за спроведување на законот во борбата против криминалните закани со посебен фокус на управување со границите, трговија со нелегална стока и организираниот криминал .
Според директорот Чавков транснационалните кривични дела коишто се закана за глобалниот мир и безбедност ниту една земја неможе сама да ги решава. Имајќи го ова во предвид наша обврска е натамошното зајакнување на соработката со Интерпол притоа идентификувајќи ги областите каде што можеме да работиме уште повеќе а во заеднички интерес.
Поздравувајќи ја посветеноста на Република Македонија во меѓународната полициска соработка, што има позитивен ефект како за националната, така и за регионалната и глобална безбедност, Генералниот секретар Нобл од своја страна ја акцентираше таа важна улога што Република Македонија ја има во борбата против недозволената трговија.
Во тој контекст Нобл го посочи учеството на македонската полиција во операцијата на Интерпол “Бел Меркур“ во борбата против трговијата со нелегална стока и фалсификати во Источна Европа, потоа во заедничката ИНТЕРПОЛ-Европол Операција “Opson“ – таргетирање на организирани криминални мрежи кои стојат зад нелегалната трговија со фалсификувани и нерегулиран храна и пијалоци. Како и учеството во проектот на Интерпол, “Пинк Пантер“, за централизирање на информациите за криминални мрежи инволвирани во крупни грабежи на продавници за накит, и во иницијативата на Интерпол за спречување и откривање на фалсификувани документи.
Според Нобл демонстрирајќи ја постојана определба на земјата за ефикасно справува со криминалот, Република Македонија, односно македонската полиција продолжува да ги надградува своите техничка капацитети, како што е во делот на граничната безбедност овозможувајќи им на своите служби директен пристап до глобалните бази на податоци на Интерпол.
Генералниот секретар на Интерпол нагласи дека е очигледна експанзијата и диверзификацијата на транснационалниот организиран криминал. Физичките граници веќе не се доволни за да се спречат криминалците во извршување на нелегални активности, па во тој смисол од клучно значење за земјите е правовремената и континуирана размена на информации во реално време преку Интерпол канали.
Инаку покрај ова директорот Чавков при посетата на седиштетот на Интерпол беше запознат и со новата иницијатива на Интерпол – Глобален комплекс за иновации (IGCI) наменет за поддршка на земјите-членки во борбата против компјутерскиот криминал