И покрај многубројните апели и јавни повици при телевизиски настапи на надлежните лица од секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, јавните добра расположени на територијата на општина Охрид деновиве повторни се најдоа на мета на вандали и несовесни граѓани.
Имено,при рутинска обиколка на лицата од техничко-сообраќајната оператива од одделението за сообраќај се утврди значително оштетување на семафорите односно на софтверскиот дел од семафорите на раскрсницата кај ОУ „Христо Узунов“.Оштетени се два столба на семафорите така што новиот начин на организирање на сообраќајот на овој потег беше времено недостапен.По репарирањето на софтверскиот дел, семафорите повторно се ставени во функција и сообраќајот се одвива непречено.
Од секторот повторно апелираат до несовесните граѓани да престанат со уништување на јавните добра расположени на територијата на општина Охрид, бидејќи тие претставуваат јавни добра сопственост на сите граѓани на општина Охрид. Со овој начин на третман на јавните добра заслудни ќе бидат напорите на Градоначалникот Бакрачески за ревитализација на општина Охрид по сите основи и аспекти.
Од секторот за комунална дејност исто така соопштуваат дека за овој новонастанат проблем уредно ќе ги известат ограните на министерството за внатрешни работи и очекуваат расчистување на случајот.