Нов случај на украдени регистарски ознаки во Р.Грција

Во текот на вчерашниот ден, на ГП „Богородица“ е пријавен нов случај на украдени регистарки ознаки на возило на македонски државјанин. Случајот е пријавен од страна на лицето З.М. од Прилеп во чија сопственост е возилото марка „Форд“ на кое е одземена предната регистарска ознака на возилото. Кражбата на регистарската ознака се случила вчера во Солун. Сопственикот на возилото, случајот не го пријавил во грчката полиција

Со овој нов случај на одземена регистарска ознака вкупната бројка достигнува четиринаесет, а досега регистрирани се и седум оштетени возила.