Традиционалната охридска кујна презентирана во Будва

Женскиот центар „ Бисера“ со поддршка и учество на претставници на општина Охрид, учествуваше на тркалезната маса „ Традицијата на здрава храна во охридското и будванското поднебје“ што се одржа во Будва , Република Црна Гора. На тркалезната маса, куса презентација за Охрид и за здравата и традиционалната храна, како важен чинител во развојот на туризмот,имаше членот на Советот на општина Охрид Јадранка Василеска Здравеска.На тркалезната маса, членките на Женскиот центар „ Бисера“ на присутните им објаснуваа како се подготвуваат дел од најпознатите охридски традиционални јадења.

Охрид и Будва се збратимени градови и нашето пријателство трае уште од далечната 1984 година и уверена сум дека пријателството ќе го надградуваме со нови содржини. Ова дружење е дел од таа определба и се надевам дека и други здруженија, институции и претставници на бизнис заедницата од разни области ќе воспостават или ќе ја унапредат досегашната меѓусебна соработка.

Не врзуваат многу нешта кои се темел за соработка. Двата града се со богатата културна традиција и природно наследство и се познати туристички центри. Развојот и размената на искуства во областа на туризмот се со неограничени можности, а тркалезнава маса на која ќе дискутираме за здравата храна е многу важен дел од збогатувањето на туристичката понуда во двата града“– рече советничката Јадранка Василева Здравеска.

По завршувањето на тркалезната маса, членките на Женскиот центар„ Бисера“ од Охрид , во трговскиот центар „ Плаза“ во Будва организираа дегустација на домашно подготвени традиционални јадења и квалитетни вина.Оваа презентација е дел од програмската соработка на Женскиот центар „ Бисера“ и побратимената Организација на жени од Будва, Република Црна Гора која започна во 2005 година.

Tradicionalna_Hrana_Budva_09_2014_4851