Кајак кану клубот и мотонаутика на мирни води „Стрмец“ е основан далечната 1947 година. Како најстар клуб во Македонија ја продолжува традицијата и ја организира 14-та Меѓународна регата во кајак на мирни води „Охрид 2014“.
Меѓународната регата ќе се одржи во недела (28 септември) со почеток во 8:30 часот. Свеченото отворање на регатата е во 9:00 часот на Кејот пред хотелот Палас.
На регатата учество ќе земат екипите:
1. ККК „Чипилски“ од Пловдив – Бугарија
2. ККК „Бегеј“ од Зрењанин – Србија
3. ККК „Светионик“ од Подгорица – Црна Гора
4. ККК „Бдин 77“ од Видин – Бугарија
5. ККК „Црн Дрим“ од Струга
6. ККК „Радика“ од Дебар
7. ККК „ЕХО“ од Охрид
8. ККК „Стрмец“ од Охрид