Во Националаната Установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, во соработка со Народен театар Охрид, во недела на 28 септември, со почеток во 12 часот ќе се прикажува детската претстава „ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ“, во режија на Драгана Танеска. Со овој термин во недела во 12:00 театарот го промовира како термин за детски претстави.
Покрај претставите за деца, од средината на Октомври во новите простории ќе започне програма за работа со деца и млади во процес-ориентирани проекти преку театарски работилници со лица/актери обучени во областа на театар во едукација и драма во едукација.
Во октомври по повод месецот на детето, театарот во соработка со училиштата ќе ја изведува претставата ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ на својата матична сцена. Покрај претставите, преку годината програмата за театар во едукација ќе биде во соработка со училиштата
Во втората половина на Октомври премиерно ќе биде изведена претставата/комедија Детектор за лаги во режија на Ненад Витанов. Театарот ќе почне, се со цел за зголемување на репертоарот и поголем избор на претстави да создава партнерство преку коопродукции како: стендап настапи, кабареа, шоу кејс експериментални форми, нови продукции и гостувања на театри од Македонија.