И годинава дечиња од ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ посетуваат часови во ОУ „Христо Узунов“

И годинава продолжува соработката помеѓу Основното Училиште „Христо Узунов“ и ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, каде што со договор помеѓу директорите Тони Симоновски и Розе Костеска е договорено дечиња од детската градинка да посетуваат часови во училиштето.

Целта е, дечињата од детската градинка што полесно да го поминат периодот од градинка во основно образование.

„Дечињата се запознаваат со наставните часови по физичко, кабинетите по ликовно образование и други интересни предмети за нив, а во некој од часовите и самите учествуваат во наставата.“– вели Симоновски.