Жестока реакција на Општина Охрид уследи по прес конференцијата на СДСМ. Секретарот Димитар Спасески посочи дека СДСМ повторно ги испревртува фактите и вистината, и седмици по седницата за советнички прашања излегува во јавнсота со прес конференции преку кои безуспешно се обидува да ја манипулира јавноста со лаги и зимислици.
Спасески кажа дека од како е дојден на власт градоначалникот Никола Бакрачески за прв пат во историајта на Охрид долгот се намалил за 4 милиони евра, изградени се илјадници метри квадратни асфалт на улиците, нови тротоари, нова водоводна мрежа вредна над 20 милиони денари, реновирани се градинките, училиштата, се обновува или гради нова инфраструктура, се оформува индустриската зона Мауцкер и ред други активности кои беа незамисливи додека со Охрид владееше СДСМ и го туркаше градот во сеопшта агонија.
-Замислете СДСМ во нивниот прес зборуваат за долгови и задолжување на градот. Колку е само ова дегутнатно за одговор пред граѓаните ? ? ?- запраша секретарот Спасески и продолжи:-
За разлика од претходното раковосдсто кое го задолжи градот за од 35 милиони или со Јавните Ппретпријатија долгот е неверојатни 50 милиони евра, Бакрачески и неговата админситрација за само една и пол година го намалија долгот за цели 4 милиони евра. И не само тоа, ова е прво намалување на долг во историјата на Охрид – изјави Спасески.
Спасески потоа образложи дека и покрај ваквата катастрофална финасиска состојба која ни ја остави СДСМ Охрид, градоначалникот Бакрачески за само година и пол, направи многу повеќе од колку за цели 8 години претходното раководство на власта СДСМ Охрид.
-Напоменуваме дека сите проекти од програмата кои беа ветени ќе бидат реализирани, а некогашното Студенчишко блато за кое зборува СДСМ во Пресот потсетуваме дека заради замижување и толерирање пред дивеењето на истите тие луѓе од СДСМ Охрид, додека владееја со градов, денес е претворено во депонија за градежен отпад – рече Спасески.
Секретарот ги потсети во СДСМ дека ако заборавиле, во меѓувреме во земјава се одржаа и предвремени избори, на кои во Охрид партијата која во градот е на власт, ВМРО ДПМНЕ однесе убедлива победа, што беше само една голема потврда дека граѓаните ги препознаваат и силни ги поддржуваат политиките на владејачката партија и Градоначалникот.
Секретарот потоа детално, со бројки и податоци наброја само дел од сработеното во овој период за една и пол година од како на власт во Охрид е ВМРО ДПМНЕ и градоначалникот Бакрачески.
За период од една година и неколку месеци, асфалтирани се вкупно 30 400 метри квадратни улици во општина Охрид:
– асфалтирани се делови од улицата“ Карпош Војвода“ и “АСНОМ“. Ново асфалтираниот дел на ул. “АСНОМ“ е со површина од 1 800 м2. Во рамки на програмата за комунален развој се асфалтираше :
-Дел од улицата “Јане Сандански” со површина од 1 950 м2,
-улицата “Сирма Војвода“ на површина од 4 517 м2,
– целосно е асфалтирана улицата “Богомилска со површина од 1 743м2,
-целосно ревитализирана и асфалтирана е улицата “Крум Точко” во површина од 1 940м2 ( на оваа улица се изврши реконструкција на водоводната мрежа во должина од 319 метри, се постави и атмосферска канализација во должина од 230 метри.
– Улицата “Ристо Чадо“ е проширена во должина од 200 метри.
– Извршено е асфалтирање на тесни улици и прекопи во населба “Гоце Делчев”, ул. “Македонска Ударна Бригада”, крак на улица “Момчило Јорданоски”, улица “Богомилска”, улица “Караорман” пред градинката “Јасли“ , улица “Галичица“,улица “Ванчо Питошески“ , село Велгошти, улица “8-ми Март“, улица “Прилепска“, улица “28-ми Април“, село Велгошти пред училиште, село Завој и пат Горно Лакочереј- Долно Лакочереј – Орман. Асфалтирани се улички во Пештани.
-патот Вапила –Сирула, е реконструиран во должина од 1 700 м2 и изработка на нов пат во должина од 2 700 м2.
-асфалтирани се 8 улички во село Косел во вкупна должина од 1 000м2 и површина од 3 000 метри.
Со проектот за пополнување на ударните дупки беше поставен асфалтен материјал на површина од околу 1 500 квадрати.
Инаку што се однесува до наредните активности, во периодов што следува сакам да истакнам дека ќе бидат реализирани голем дел комунални и инфраструктурни проекти на целата територија на Општина Охрид.
Вкупната вредност на договорените проекти изнесува 127.053 724 денари.
Во рамки на планираното и договореното ќе бидат реализирани вкупно 9 инфра стуктурни проекти:
-проект за поставување на нова атмосферска канализација во населените места Воска/Даљан (УЗ 4) 14.145 334 денари
-проект за реконструкција на улиците каде што ќе биде поставена новата
атмосферска канализација во населбите Воска/Даљан со вкупна вредност од 7.850 565 денари
-проект за реконструкција на локален патен правец во село Елшани со вкупна вредност од 14.084 598 денари
-проект за реконструкција на крстосница на ул.Туристичка и ул.Биустрица со вкупна вредност од 5.147 457 денари
-проект за реконструкција на крстосница на ул.Туристичка и ул.Македонски просветители со вкупна вредност од 11.911 196 денари
-Проект за реконструкција на ул. Питу Гули со вкупна вредност од 20.891 711 денари
-проект за изградба и поставување на нова атмосферска канализација на ул. “Ристо Чадо“ со вкупна вредност од 9.701 817 денари
-проект за реконструкција на ул. “Ристо Чадо“ со вкупна вредност од 13.270 363 денари
-проект за реконструкција на ул. “Илија Смически“ во село Лескоец со вкупна вредност од 6.998 905 денари
Со средства од Светска Банка ќе се набават и 5 комунални возила за ЈКП Охридски Комуналец со капацитет на подигнување на отпад од контејнери со зафатнина од 1.1m3 и канти од 120-240 литри и тоа две возила од 3 m3 и едно возило од 9+1m3 ,едно возило од 16+1m3 и една хидро статична машина за чистење на улици -електричен тип.
Во тек се градежните зафати за изградба на канализациониот систем .Една третина од канализациониот систем во лескоец е направена. Очекуваме до април следната година да биде завршена и пуштена во употреба втората и третата фаза од изведбата на канализиациониот ситем во село Лескоец“,
Се решава најгорливиот проблем на жителите од Лескоец. Во тек се градежните зафати на канализациониот ситем во должина од 7,2 километри инвестицијата од 66 милиони денари. Ова е еден од 20 тината проекти кои се реализираат со европаката инвестициона банка, значаен проект кој беше дел од програмата на градоначалникот, подржана од Владата на Р Македонија.
20 милиони денари инвестиции во мрежа на ширење и обновување на водоводната мрежа.
После 30 годни, во мандатот на градоначалникот Никола Бакрачески конечно започна да се асфалтира патот до црквата Свети Климент Охридски во охридско Велгошти, а градежните машини веќе се на терен и работат на изградбата на овој пат.
Во текот на минатата седмица градежното претпријатие ‘’Илинден’’ на терен почна со работа и го реализира тоа наше ветување .Како што знаете во рамки на програмата за работа на градоначалникот при посетата на Валгошти беше констатирно дека тоа е најважен локален пат кој е потребен на населението од Велгошти. Вендаш беше даден налог да се обмисли практичната изработка на овој пат .
Првичната идеја беше патот до црквата да се работи со бекатон коцки за што веднаш беше обезбеден и дистрибуиран градежниот материјал до местото. Но, при една анализа на градежните инженери и во тесна консултација со населението се посомневавме во квалитетот на повата, бидеј се работи за стрмен пат каде често се јавува свлечиште на земјата. Почекавме да помине периодот на дождови, потоа се направи детална анализа на почвата и се констатира да патот мора да се работи со асфалт со определна подлога која е неопходна за тоа. Најмногу време помина во чекање на стабилизација на земјиштето за да се направи проценка како ќе се изработи овој патен правец. На терен работите одлично напредуваат и полека но сигурно се назира идниот изглед на патот кон оваа црква.
Нов пат ги попврзула двете Охридски Села Горно и долно Лакочереј.
Реконструираниот пат е во должина од околу 3,5километри и е реализиран со владина инвестиција од околу 18 милиони денари или приближно околу 300.000евра.
Поставени се уште дополнителни банкини на површина од 3.000 метри квадратни, а претходно на истото му претходеше асфалтирање на главниот пат на улицата „Радојца Новиќиќ“ кој го поврзува со Долно Лакочерај и асфалтирање на осум краци од истата улица. Претходно беше поставена нова канализациона мрежа во должина од 1,3 километри. На оваа улица се поставени и 11 т.н. премини коишто претставуваат подземни инсталации кои ги постави ЈП „Ниска градба“, а кои се составени од двокамен цевковен систем и тоа едниот за одвод на отпадни води на кој во иднина ќе се приклучат објектите и ќе се поврзат со канализациониот систем, а другиот е за електрични кабли и телекомуникациски инсталации. Овие премини се мошне важни бидејќи овозможуваат во иднина при секоја потреба од поставување подземна инсталација да не се откопува улицата и да не се оштетува асфалтот.
Го решаваме проблемот и со водоснабдувањето во Охридкото село Елшани.Во тек се градежните зафати околу новиот резервоар за вода со капацитет од 100 метри кубни и нова водоводна мрежа во должина од 2 200 метри во селото Елшани.
Новиот резервоар за вода значи крај на долгогодишниот проблем со кој се соочуваа мештаните односно недостаток на вода и слаб притисок, особено во летниот период од годината. По изградбата на резервоарот ќе се изгради и нова водоводна мрежа со должина од 2 200 метри. Тоа би подразбирало дека старите и дотраени инсталации кои во изминативе години беа подложени на дефекти и попречување во водоснабдувањето се заменуваат со нови. Затаа цел старите салонитни цевки се заменуваат со нови полиетиленски со внатрешен дијаметар од 110, 90 и 63 милиметри.
Елшани, е едно од поголемите населени места во Охрид со околу 700 жители кои долги години имаа проблеми со водоснабдувањето и се соочуваа со честите дефекти на старата и дотрајана водоводна мрежа.
По објавениот јавен оглас за најповолен изведувач беше избрана градежните фирмата“ Бокоп“ од Струга.
По изградбата на новиот резервоар, ќе биде реконструиран и стариот кој речиси е дотраен а во функција е ставен во далечната 1974 година, и во моментов работи со капацитет од само 50 метри кубни вода.
Исто така Општина Охрид има предвидено изградба на пумпа кај изворите со цел жителите да имаат непречено и постојано вода во сите периоди од годината.
Игралиште на вештачка трева ќе добие Охрид.
Проектот е на Општината Охрид и ФФМ со поддршка на европската куќа на фудбалот УЕФА која ја донира вештачката трева.
Проектот се очекува да биде готов до крајот на оваа календарска година по што Охрид ќе го има најсовремениот фудбалски терен на вештачка трева кој може да биде магнет за развивањето на спортски туризам и подготовки на голем број, пред се фудбалски екипи во зимскиот и летниот припремен период. Со подигањето на фудбалското игралиште на вештачка трева нов привлечен лик ќе добие запуштениот простор во непосредна близина на каналот Студенчишта каде е предвидено ова фудбалско игралиште .
Во охридската населба Лескајца доби повеќе наменско игралиште – мултифункционален забавен парк. Овјој парк е прв од планираните кои треба да се изградат во Охрид.
„Овој парк вклучува игралиште за кошарка, едно игралиште со детски реквизити и еден мини парк. Ова е ден вид најава за проектот кој подолго време го осмислувавме во локланата самоуправа за изградба на 30 тина вакви места на претходно определени локации. Следниот мултифункционален забавен парк ќе се гради на Сараиште.
Целта на отворањето на ваквите игралишта не е само осмислување на просторот, туку децата да се вратат на маалските игри и да се тргнат од компјутерите“, .
Нов лик доби и градскот влез, го изградивме малиот плоштад. Пред летната туристичка сезона го уредивме и старото градско јадро. Во тек се проектите за градкиот пазар и затворениот базен.
Минатото локално раководство ни ги предаде охридските основни училишта со долг од над 44 милиони 187 илјади денари а средните со долг од 33 милиони 183 илјади 890 денари или вкупен долг од 77 милиони 371 илјади денари кои сега ги плаќаме и враќаме ние.
За период од една година до основните училишта, Општина Охрид трансферира 16. 550. 645.00 а до средните 7. 910. 093. 00 денари. Паралелно на ова се работи на решавање на имотно правните односи на образовните институции во градов кои во времето на СДСМ беа тотално запоставени иако и тогаш претставуваа сериозен проблем.
Годинава Учебната година на ниво на Општина Охрид, без никакви проблеми започна за 511 првачиња, 4 808 основци и 2 298 средношколци или за вкупно 7 106 ученици. Реконструирано е училиштето Живко Чинго во село Велгошти. Реконструирани се санитарните јазли во речиси сите охридски училишта.
Секторот за образование при локалната самоуправа Охрид во летниот период започна и заврши низа активности поврзани со подобрување на условите во објектите за згрижување на децата од предучилишна и училишна возраст.
Во периодот јуни- август 2014 година во објектите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, реализирани се :
1.извршена е санација, промена на дограмата во три објекти:
а) објект „Билјана“ – извршена е промена на целокупната дограма,
б) објект „Росица“ – извршена е промена на влезните врати и прозорците во занималните.
в) објект „Лихнида“ – извршена е промена на влезните врати и прозорците во занималните.
Извршена е санација на санитарните јазли во објектот “Развигорче“
2. Обезбедени се и 20 клима уреди за занималните, како алтернативен начин на греење во зимскиот период.
3. Како резултат на потребата од легализација на објектите на градинката изработени се Елаборати за легализација на бесправно изградени објекти, со што е запазен законскиот рок за нивна изработка кој трае до декември 2015 год.
Отпочната е постапка за легализација на објектите и веќе е извршена легализација на објектите:
а) „Развигорче“
б) „Централна“
4. Обезбедена е целокупна документација со Одобрение за реконструкција на објектите:
а) „Централна“
б) „Развигорче“
(што е потребна за добивање на финансиски средства од Светска банка).
Оваа документација опфаќа изработени:
а) Основни проекти за реконструкција,
б) Стручна ревизија на основен проект за реконструкција и
в) Елаборати за заштита на животна средина
г) Одобрение за реконструкција
Во постапка се следните проекти:
1. Формирање на група во други просторни услови на ЈОУДГ „Јасна Ристеска„ во училиштата
а) ОУ Кочо Рацин – населба Радојца Новичиќ (добиена е согласност од Советот на општина Охрид и мислење од Комисијата при министерството за труд и социјална политика)
б) ОУ Св.Наум Охридски – С.Пештани (добиена е согласност од Советот на општина Охрид и мислење од Комисијата при министерството за труд и социјална политика)
в) ОУ Григор Прличев – Рача (Комисијата при министерството за труд и социјална политика помина и добиено е мислење)
ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
Во периодот јуни-август 2014 година, во Охрид:
1. Завршена реконснтрукција на ОУ Живко Чинго Велгошти финансирана од Влада на РМ – Реконструкцијата опфати нова термо фасада и реконструкција на санитарните јазли.
2. Во постапка е реконструкција на ОУ Кочо Рацин финансиран од Влада на РМ. Реконструкцијата опфаќа промена на кровот и санитарните јазли и истата е при крај.
3. При крај е реализацијата на Проектот за меѓуетничка интеграција на УСАИД кој опфаќа реконструкција на ОУ „Братство единство“ со финансиски средства на УСАИД и сопствено учество на Локалната самоуправа и училиштето.
Извршена е:
-промена на прозорци
– промена на врати
– реконструкција на три училници во училиштето во Лескајаца со поставување на ламинат.