СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Д.Д.(23) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотична дрога , психотропни супстанции и прекурсори“.
На 11.06.2014 година, во Охрид, откако полициски службеници при личен преглед од пријавениот одзеле паковка со марихуана, извршен е претрес во неговиот дом, каде се пронајдени уште две пакувања марихуана со вкупна тежина од 88,99 грама и една рачно изработена цигара со 0,16 грама мешавина од тутун и марихуана.