10 години од постоењето на Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз ТИТО – разгранок Охрид и Дебрца

Денес Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз ТИТО – Разгранок Охрид и Дебрца одбележа два значајни свечености – 10 години (јубилеј) од постоењето на Здружението на граѓани кои го почитуваат ликот и делото на Јосип Броз ТИТО – разгранок Охрид и Дебрца, како и 122 години од раѓањето на Јосип Броз ТИТО претседател на СФРЈ.

На активноста на Здружението на присутните членови, почитувачи и граѓани на одбележувањето им се обрати новиот секретар-благајник Томчо Алексоски, претседателот Радоја Митрески како и потпретседателот Стојан Коруноски.

На средбата беше заклучено дека до 04.05.2015 година делегација од охридското здружение ќе ја посети куќата на цвеќето,одбележувајќи 35 години од смртта на другарот Јосип Броз ТИТО во Белград.