Одбележан Светскиот ден на срцето

”Заводот за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан” од Охрид денес традиционално со бесплатни здравствени прегледи и совети за здрав живот го одбележа светскиот Ден на срцето.

На плоштаот во Охрид стоици граѓани на градот , но и туристи ја искористија приликата да направат бесплатни прегледи и да добијат совети за здрав живот од персоналот на оваа реномирана здравствена установа.

„Веќе петта година по ред ја правиме оваа акција со бесплатни прегледи да го одбележиме светскиот Ден на срцето. Во изминатите години во просек се прегледуваа над 200 граѓани или туристи, а годинава до овој момент се прегледаа 120 лица, од кои половина беа странци. Доколку кај некој се забележат наоди кои укажуваат на потреба од подетален преглед ние тие пациенти ги советуваме да го псоетат ”Заводот” за подетално да бидат прегледани и да се отстрани секоја опасност по нивното здравје“. – изјави докторката Марија Зимбова .

Генерален покровител оваа година на настанот беше Општина Охрид. Градоначалникот Никола Бакрачески го посети шаторот каде се вршеа прегледите, а бројните граѓани ја користеа приликата да побараат мислење или стручен совет и од него.

„Општина Охрид е генерален покровител на оваа акција, која е една хумана акција за граѓаните, но и атрактивна е и за туристите. Лицата кои се прегледуваат добиваат стручни совети, но и доколку се најде абнормален наод или сомнение за абнормален наод, тогаш се советуваат да направат дополнителни иследувања. Ова е една од нај корисните општествено одговорни активности кои се изведуваат во Охрид. Јас сум горд што нашиот град со конкретни мерки се вклучува да се обезбеди солидна здравствена насока и заштита на граѓаните на Охрид. Уште еднаш ја изразувам благодарноста до Заводот, докторите и персоналот кои активно се вклучија во извеувањето на оваа активност и до екипите на Црвен Крст кои се вклучија во оваа активност, а секако и на спонзорите Пелистерка и печатница Коцарев кои се покровители на оваа манифестација“. – изјави градоначалникот Бакрачески.

Младите од Црвен Крст го вклучија охридскиот Градоначалник во нивната акција за публикување на т.н. селфи фотографии на Фејсбук, со познати личности кои се активно вклучени во работата на Црвениот Крст и даваат придонес во успехот на акциите. Како еден од поактивните јавно личности, Бакрачески кој учествуваше во повеќа акции на Црвен Крст денес се најде и на нивната кампања за селфи со познати личности.