Mедиумски фудбалски натпревар во чест на Дџ Пантер и Дџ Бруце

Денес во Спортската сала „Климент Колески“ во Охрид, се одржа меморијалниот фудбалски натпревар во организација на медиумската заедница, во чест на прерано починатите колеги ДЏ Пантер и ДЏ Бруце од охридското Супер радио, колегата Петар Алексоски од ТВМ и Јован Слатинец-ДЏ Мравка.

Целта на овој настан е, вработените во охридските редакции, преку спорт и дружење да се потсетат на колегите и да се подзаборави на некои пресилни зборови или постапки.

Идејата на медиумската заедница е овој турнир да премине во традиција.

WebOhrid/ Фото: А. Андриоски