Просечна месечна исплатена нето-плата по вработен

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, изнесува 101.6.

Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (9.6%), Стручни, научни и технички дејности (9.5%) и Административни и помошни услужни дејности (6.8%).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (6.8%), Земјоделство, шумарство и рибарство (3.5%), Преработувачка индустрија (2.7%).

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јули 2014, изнесува 21 350 денари. Во јули 2014 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.