Дебарско-киевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, 30 септември (вторник), во катедралниот храм „Света Софија“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Светите маченички Софија, Вера, Нада и Љубов“ со почеток во 9.00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.