Денес, младите од ВМРО – ДПМНЕ во соработка со Здружението на пензионери од Охрид организираа меѓусебно дружење по повод Меѓународниот ден на возрасните луѓе. Тие во просториите на Здружението заедно го испија утринското кафе, разменуваа мислење, повозрасните им пренесоа дел од нивното искуство, им даваа совети на младите и на крај изиграа неколку партии шах.
„Ваквото дружење со пензионерите од Охрид по повод Меѓународниот ден на возрасните е оддавање на еден начин, почит за нивните достигнувања во животот, како и достигнувањата и признанијата кои ги имаат добиено на државни натпревари како членови на ова Здружение“, изјави Илија Арнаудоски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ Охрид.
Арнаудов на крајот им се заблагодари за дружељубивоста и за советите и искуствата кои им ги пренесоа на младите од ВМРО – ДПМНЕ, им посака да ги служи добро здравје и до година на овој ден повторно да се дружат.
Претседателот на Здружението на пензионерите, Ѓорги Трпчески рече дека ова за нив е несекојдневен настан и дека им претставува особена чест и задоволство што на овој ден дојдоа млади луѓе да се дружат и разменуваат мислења со нив. На крајот од излагањето, претседателот се заблагодари за приреденото пријатно изненадување до страна на Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ.
Акции од ваков тип, УМС ги организира често, а целта им да се доближат младите до повозрасните како би размениле мислења, идеи и искуство.