Градоначалникот Бакрачески оствари средба со такси превозниците од Охрид

Во просториите на општина Охрид, денес, градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претставници од Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици и командирот на сообраќајната полиција во Охрид имаше средба со такси превозниците од Охрид.

На состанокот се разговараше за проблемите кои ги имаат такси превозниците од Охрид, но и прекршоците кои континуирано ги повторуваат. Исто така се разговараше за воведување ред во паркирањето и запирањето на такси превозниците, односно за узурпацијата на јавен простор, како би се подобрила сликата на градот, а со самото тоа би се зголемила и работата на такси превозниците. Законските измени кои се донесени мора да се почитуваат, а доколку се констатира прекршок за истите ќе следат санкции.

Во дискусијата се вклучија и такси превозниците со свои идеи и предлози за своите проблеми и со предлог решенија за промена на такси постојките. Сите забелешки и предлози ќе бидат елаборирани, разгледани и доколку некои од нив се добри и е возможна нивна реализација ќе се имплементираат што поскоро се со цел до година да се воведе ред во оваа област.

sredba_taksisti_4853

Градоначалникот Бакрачески ги информира такси превозниците за законската обврска за познавање на англиски јазик и апелираше да ја искористат можноста, да се пријават на конкурсот за обука на англиски јазик кој го организира општина Охрид и бесплатно да се стекнат со потребното знаење и потврда за познавање на англиски јазик.

Ваквите координативните состаноци во иднина ќе се организираат почесто за во наредната туристичка сезона да се подобри сликата за градот и да има ред во такси и линискиот сезонски превоз.

sredba_taksisti_4852