Утре градоначалникот Бакрачески во обиколка на неколку селски населби

Утре, со почеток во 14 часот, градоначалникот Никола Бакрачески, во придружба на секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески, директорите на јавните претпријатија и раководителите на сектори ќе биде во посета на селските населени места.

Агендата на посетата е следна:

– 14 часот – с. Љубаништа
– 15 часот – с. Трпејца
– 16 часот – с. Пештани
– 17 часот – с. Елшани

Целта на посетите е запознавање на градоначалникот со проблемите на овие населени места и можностите за нивно побрзо решавање.