Се вреднува и ревреднува недвижниот имот

Општина Охрид, одделение за даноци ги известува жителите на улиците: „АСНОМ“, „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ“, „ГАЛИЧИЦА“, „НИКОЛА КАРЕВ“, „МИРЧЕ АЦЕВ“, „КАРПОШ ВОЈВОДА“, „ЛАЗО ТРПОСКИ“, „8-ми СЕПТЕМВРИ“, „СИРМА ВОЈВОДА“, „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ и с. Косел, дека согласно законот за даноците на имот е во тек постапка на вреднување и ревредување на недвижен имот – индивидуални станбени згради – куќи.

За таа цел се молат даночните обврзници да соработуваат со овластените лица од општината за евидентирање и процена на недвижен имот.