Уште 22 дена до завршувањето на повикот до завршувањето на повикот за пријавување такси возачи за посетување на обука за изучување англиски јазик

Сите заинтересирани такси возачи кои се вработени кај правни лица, лиценцирани за такси дејност од општина Охрид имаат можност уште дваесет и два дена да се пријават на повикот за посетување обука за изучување англиски јазик.

Обуката е организирана и финансирана од страна на општина Охрид. Предавањата ќе ги вршат професори по Англиски јазик во времетраење од 80 часови односно 40 блок часови. Право на учество имаат сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат условите да не бидат постари од 62 години и да се вработени како такси возачи.

Заинтересираните своите пријави можат да ги подигнат од архивата на општина Охрид или да ги преземат преку електронски пат од веб страната на општина Охрид, а со пријавата се доставуваат и копија од лична карта и копија од М1/М2 обрасци. Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Охрид до Секторот за комунални дејности, сообраќај, и улици – Одделение за сообраќај.

Пријавените кандидати по електронски пат ќе бидат известени за местото и условите за одржување на обуката.