Голем пожар гореше кај Охридската касарна

Голем пожар попладнево го зафати поширокиот простор кај некогашната касарна Михајло Апостолски, горeше сува трева и високи стебла.

На терен излегоа екипи на охридската територијалната противпожарна единица, како и жители од околните места.

Пожарот предизвика вознемиреност кај граѓаните кои живеат на овој дел од Охрид.